За нас
Адвокатската канцеларија Гоце Цоневски, е искусна канцеларија со речиси 30 години искуство во различни области на правото. Канцеларијата се наоѓа на улица Васил Главинов бр. 7Б-1/1 во Центарот на Скопје. Канцеларијата нуди застапување пред судови и други државни органи како и консултантски услуги во сите облаасти на деловното работење, работни односи, корпоративно управување, граѓанско право, кривично право, правна ревизија, даночно право како и заштита на човекови права пред Европскиот суд за човекови права во Стразбур.
години искуство
правни експерти
Затворени случаи со успех
Клиенти кои ни ја дадоа својата доверба
Нашиот Тим
30 години искуство

Нашиот тим е составен професионалци посветени на обезбедување на највисоко ниво на правни услуги. Под водство на адвокат Гоце Цоневски, кој повеќе од 30 години успешно ја гради својата кариера во сите области на правото, канцеларијата се развива во сигурен партнер на клиентите.


Секој член на нашиот тим придонесува со своето знаење, искуство и иновативен пристап во решавање на правните предизвици. Нашата цел е јасна: да обезбедиме квалитетна и ефикасна правна поддршка.


Постојано се стремиме кон усовршување, следење на најновите законски промени и применување на најдобрите практики во работата. Благодарение на заедничката енергија и професионалност, успеваме да изградиме долгорочни односи на доверба со нашите клиенти.
