Што работиме?

Советување и застапување во корпоративно право

Правна поддршка за основање, управување и преструктурирање на компании, како и застапување во корпоративни спорови.

Заштита во кривични постапки

Стручна одбрана и застапување на обвинети и оштетени низ сите фази на кривичната постапка.

Прекршоци

Застапување и правна заштита во прекршочни постапки пред судови и други органи.

Семејно право и наследство

Решавање брачни спорови, старателство, издршка и оставински постапки.

Имотно право

Советување и застапување во постапки поврзани со сопственост, закуп, хипотека и други имотни права.

Стечај и ликвидациони постапки

Правна поддршка на должници и доверители во стечајни и ликвидациони постапки.

Работни односи

Правна заштита при спорови од работен однос, изработка на трудовоправни акти и застапување пред институции.

Управни спорови и постапки

Застапување пред државни органи и судови во управни и инспекциски постапки.

Градежништво и инфраструктура

Правна поддршка во договори, лиценци, дозволи и спорови во областа на градежништвото.

Енергетика и минерални ресурси

Советување и застапување во правни прашања поврзани со енергетски проекти и експлоатација на ресурси.

Арбитражно право

Застапување во арбитражни постапки и изнаоѓање алтернативни решенија за спорови.

Надомест на штета

Застапување при барање и остварување на надомест на материјална и нематеријална штета.

Телекомуникации и информатичка технологија

Правна поддршка во регулаторни прашања, договори и спорови во областа на ИКТ.

Право од интелектуална сопственост

Заштита на авторски и индустриски права, жигови, патенти и лиценци.

Заштита на лични податоци

Усогласување со законските прописи и застапување во постапки за заштита на приватноста.

Длабинска анализа на компании

Комплетна правна анализа за финансиско и организациско здравје на компании при аквизиции или инвестиции

Изработка на договори, правилници и правна документација

Подготовка на сите видови договори, интерни акти и документи согласно важечките закони.

Застапување пред Европски суд за човекови права во Стразбур

Поднесување претставки и застапување во постапки за заштита на човековите права.